Преглед на вестите од светот
Најмалку 31 лице загинаа, а 21 друго е повредено кога камион што превезувал нафтени производи се урна и се запали во средата во близина на Каиро, соопшти египетското јавно обвинителство. Пожарот е ставен под контрола.
Обвинителството соопшти дека започнало истрага за несреќата на кружниот пат во округот Ал-Варак, во која исто така изгореле 27 возила, вклучувајќи автомобили и мотоцикли. Обвинителството, исто така, нареди ДНК тестирање на останките од неидентификувани жртви за да се потврди нивниот идентитет, истакнувајќи дека конечните бројки за жртвите и материјалните загуби сè уште се проценуваат. Бројките може дополнително да се зголемат.
Министерството за здравство соопшти дека 39 амбулантни возила учествувале во спасувачките операции.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави за „Фокс њуз енд френдс“ дека САД и НАТО треба да продолжат да ја поддржуваат Украина за да „го продолжат притисокот врз Русија.
-Русија никогаш не нападнала ниту една земја-членка на НАТО. Но, Русија нападнала во минатото, во 1979 година Авганистан, во 2008 година Грузија, во 2014 година Украина. Значи, НАТО е исклучително силен. И токму тоа е, она што претседателот отсекогаш го кажувал, мир преку сила, а не мир преку помирување. Значи, НАТО е силен, Украина е силна. Затоа што ова е тест за Путин. Она што претседателот Трамп го прави и на состанокот во Шенжен е тест за Путин. Колку е сериозен? Дали е подготвен да дојде на преговарачката маса? Дали е навистина подготвен да се вклучи во разговори? Затоа, да го продолжиме притисокот. Мислам дека функционира и мора да продолжиме така.“
Руските сили го нападнаа украинскиот главен град Киев со балистички ракети доцна вечерта погодувајќи трговски центар и две други згради, а предупредувањата до жителите да останат во засолништата останаа на сила. Четири лица се ранети, од кои две се во сериозна состојба. Руските сили редовно ги напаѓаат Киев и другите украински градови од септември.
Во четврток, во друг напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, беа повредени три лица, а имаше и други заробени под урнатините.
И Украина и Русија негираат дека таргетирале цивилни објекти.
Неколку стотици демонстранти, претежно жени, се собраа кај Бранденбуршка порта во Берлин во средата за да го одбележат „Портокаловиот ден“ на ОН или „Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените“. Протестот се одржа додека активистите ги обновија повиците за поголема поддршка на жртвите и посилни мерки за борба против родово базираното насилство во Германија.
Протест имаше и во Боливија, каде домородни жени, лидери на заедницата, студентки и активистки маршираа во Ел Алто. Домородните жени, познати како чолитас, носеа здолништа со имиња на жртви на фемицид и маршираа во ритамот на моренада, традиционален танц, заедно со силуети што ги претставуваат жртвите.
Според Јавното обвинителство на Боливија, имало 84 фемициди во 2024 година и 81 во 2025 година и 75 досега оваа година, заклучно со 24 ноември.
Жените маршираа и во Мексико Сити за да побараат посилна акција против фемицидите и родовото насилство. Роднините на жртвите на фемициди и исчезнувања, заедно со преживеаните од родовото насилство, го предводеа маршот, проследени од феминистички групи, домородни жени, студентки, синдикати и организации на граѓанското општество.
Демонстрантите, исто така, повикаа на прекин на насилството врз жените и побараа правда за жртвите. Мексико евидентираше 3.338 убиства на жени во 2025 година, според бројките од Националниот институт за статистика.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
