Европскиот совет не успеа да постигне договор за следниот седумгодишен буџет на ЕУ, преговорите продолжуваат во декември

Европскиот совет не успеа да постигне договор за буџетот до 2034 година на вонреден состанок во Брисел, што почна вчера.
- Не постигнавме договор, изјави претседателот на институцијата, Антонио Кошта, на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Тој ги оквалификува разговорите како „многу интересни“ и истакна дека се уште има време до крајот на годината да се најде решение.
Кошта објасни дека мнозинството земји инсистирале дека не треба да има понатамошни намалувања во предложениот нацрт, некои сакале намалување, а некои побарале преиспитување на намерата за намалување на средствата за земјоделство и кохезија.
- Денешната средба беше важен чекор во процесот на преговори, резимираше тој.
Кошта истакна дека е потребна едногласност за одобрување на новиот буџет.
- Останува уште многу работа да се заврши и тоа ќе биде предизвик, коментираше фон дер Лајен.
Кошта објави дека 24 земји од ЕУ го поддржале предлогот на ЕК за обезбедување нов заем од 45 милијарди евра за Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Макрон изјави дека кратењата во европскиот буџет се стратешка грешка
-

РИК на Србија соопшти детали за претседателските избори закажани за 27 декември
-

Европската перспектива на Западен Балкан во фокусот на Самитот Брдо-Бриони во Охрид
-

Европскиот совет не успеа да постигне договор за следниот седумгодишен буџет на ЕУ, преговорите продолжуваат во декември
-

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид
-

Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов масовен напад
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, викендов снег на планините
-

Кушнер: Израел мора да се ослободи од воениот менталитет
