Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон, нема повредени

Два патнички авиона „Боинг 737“ на американската авиокомпанија „Американ ерлајнс“ се судриле во петокот пред полетување на меѓународниот аеродром „Роналд Реган“ во близина на Вашингтон. Во инцидентот нема повредени, но на едниот авион му се откачил завршниот дел од крилото.
Американската Федерална управа за цивилно воздухопловство (FAA) потврди дека инцидентот се случил околу 17:10 часот по локално време, додека двата авиона се движеле кон полетно-слетната патека.
Авионот на летот АА638, кој требало да полета кон Далас, го зафатил крилото на авионот на летот АА2152, кој тргнувал за Чикаго.
На едниот авион му се откачил таканаречениот „винглет“ – закривениот завршен дел од крилото, кој служи за намалување на аеродинамичниот отпор.
Откако вработените на аеродромот го отстраниле откачениот дел од крилото, двата авиона се вратиле на терминалот, каде што биле прегледани од противпожарните и спасувачките служби.
„Американ ерлајнс“ ги повлекол двата авиона од сообраќај заради технички преглед, им се извинил на патниците и најавил дека ќе обезбеди заменски авиони.
Во близина на аеродромот „Роналд Реган“ во јануари минатата година се случи една од најтешките авионски несреќи во САД во последните неколку децении.
Во судирот меѓу патнички авион на „Американ ерлајнс“ и воен хеликоптер загинаа сите 67 лица во двете летала.
МИА
Ново на Сител
-

Отстрането државно знаме во Гостивар, полицијата истражува
-

Приведени лица за повеќе случаи на семејно насилство, закани и злоупотреба во семејството
-

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
-

Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон, нема повредени
-

Приведен насилникот кој ја претепал сопругата во Гостиварско
-

Облачно со повремени врнежи од дожд, кон крајот на денот со снег, следната недела со теператури до - 18 степени
-

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина
-

Поранешен кинески регионален лидер осуден на смрт поради мито од 88 милиони долари
