Македонија
6. April 2016 - 16:48
Нетпрес: Ременски го кочи доделувањето на социјални станови за 76 семејства
Вкупно 76 семејства неможат да добијат социјален стан заради блокадите на техничката министерка Фросина Ременски, објави Нетпрес, повикувајќи се на извори од министерството за труд и социјала.
Според пишувањата на порталот Ременски директно преку членови на Комисијата за распределба на социјални станови, лобирала ваков стан да добие лице од Прилеп кое било блиско до претставници на СДСМ, во спротивно немало да биде потпишана конечната листа, а со тоа практично ја закочуваат распределбата за сите 76 социјални станови во Прилеп, се наведува во текстот на порталот.
Нетпрес пишува дека лицето за кое лобирала Ременски се нашло на прелиминарната листа на потенцијални добитници на станови, но при увидот на лице место во куќата во која посочената пријавила дека живее, Комисијата констатирала дека ја користи само за да го исполни условот за добивање на социјален стан.
Според порталот лицето за кое Ременски категорчно бара да добие социјaлен стан не ги исполнувало условите. За да се откочи постапкат , Министерството за транспорт и врски испратило допис до Ременски да се произнесе за веродостојноста на пријавеното живеалиште за посоченото лице и да се надмине целата ситуација, пишува Нетпрес.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
