Програма за бесплатен скрининг: 10.000 снимања за една година
Бесплатните мамографски прегледи кај 13 жени открија рак на дојка. Болеста им била дијагностицирана во рана фаза. За една година преку националната скрининг програма извршени се 10.000 снимања. Толку пациентки од 50-55 години се јавиле на поканата преку системот Мој Термин. Во иднина се размислува и да се прошири возрасната граница.
-Размислуваме и со програмата да бидат опфатени и жени од 45 години, изјави спец. д-р Светлана Темелковска,радиолог на Клиниката за радиологија.
Доктор Темелковска која ги врши мамографските снимања советува дека е неопходно секоја возрасна жена барем на 2 години да направи испитување за рано откривање на рак на дојка и почесто да вршат самопрегледи.
Бесплатниот скрининг се спроведува во 18 јавни здравствени установи низ Македонија. За подобро функционирање на програмата министерството само за една година набави 11 нови дигитални мамографи.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
