Македонија
15. April 2016 - 16:38

Помалите партии со различни ставови околу одружувањето на изборите на 5.јуни

СПМ го поздрави распишувањето на предвремени избори.

Решението за оджување на предвремените парламентарни избори на 5 Јуни од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, со што сите граѓани ќе можат непосредно да го остварат своето право на глас, да ја дадат доверба на оние во кои веруваат и кои ја заслужуваат, со што ќе се воспостави стабилноста, просперитетот и подобрата иднина за сите, стои во соопштението на СПМ.

Од друга страна ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС И МОРО РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА кои денеска се потпишаа во платформата за Демократска Македонија најавија бојкот на парламентарните избори.

- Сметаме дека не се создадени елементарни услови за одржување на фер, демократски,слободни и кредибилни избори, изјави Павле Трајанов, претседател на ДС.

И ДОМ е против распишувањето на предвремени избори.

- Без пречистен избирачки список, без регулирани медиуми, во зовриена состојба на улиците. По групната аболиција на Иванов, со овој потег и Вељановски долеа масло на огнот, стои во соопштението на ДОМ.