Македонија
21. April 2016 - 17:03

Љубовна драма како причина за двојното убиство и самоубиство во Волково

Љубовни несогласувања се причината за двојно убиство и самоубиство во скопско Волково. По прекинувањето на врската со 25 годишната соседка, 44 годишниот Дончо Ѓорѓиевски решил да се пресмета со мајката и бабата на девојката, која пред два месеци заминала на работа на брод.

Неофицијално револтиран поради раскинувањето  вработениот во МВР,  синоќа околу 19 часот со пушка влегол во куќата на сега убиените.

Почнал расправија со 57 годишната Снежана Николовска. Таа успеала да се јави во полиција.  Се слушнале викотници, но повикот бил прекинат.

Според првичните информации од истрагата набргу потоа Ѓоргиевски ја застрелал Снежана во главата, а нејзината 76 годишна мајка Елена во градите, по што злегол во дворот и се самозастрелал.

 

Од обвинителството соопштија дека мотивите за убиствата и самоубиството во Волково допрва ќе се утврдуваат. Се истражуваат сите околности.

-Наредено е вештачење на телефоните пронајдени на местото на настанот, бидејќи според првичните информации, на кривичното дело претходела интензивна комуникација која може да расветли детали за кривично-правниот настан, се наведува во соопштението од ОЈО.