ЈО: СЈО нема доставено докази за притисоци врз Крпач
Основното јавно обвинителство тврди дека од Специјалното јавно обвинителство не добиле ниеден доказ ниту пак било каква релевантна информација за притисоци врз Коста Крпач кој минатата недела беше пронајден мртов во неговиот стан во Центар. ОЈО информираше дека веднаш ги презеле сите мерки и дејствија за истражување на причините и околностите под кои настапила смртта кај Крпач. Со оглед на бројните шпекулации кои и попречувале на истрагата и создавале притисок врз институциите, од Обвинителството соопштуваат дека внимателно ги следат сите објавени и добиени информации вклучително и оние од СЈО од каде сеуште не добиле ништо.
- Неопходно е да истакнеме дека од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите не е доставен ниту еден доказ ниту пак било каква релевантна информација во таа насока, но и покрај тоа Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува да го истражува случајот. Издадени се голем број наредби за вршење вештачења, анализи, прибирање податоци и документација. Во тек е повикување и се извршуваат разговори со лица за кои може да се очекува дека имаат одредени податоци за расветлување на настанот. Се преземаат и други истражни дејствија кои се во тек, информираат од ОЈО.
Од таму потенцираат дека и досега соработувале и ќе соработуваат со сите институции, а за случајот Крпач веднаш штом ќе добијат контретни податоци ќе ја известеле јавноста.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
