Фудбал
11. May 2016 - 19:30
ПЛ – 35.коло: Вест Хем го совлада Манчестер Ј.
Екипата на Вест Хем со победа над Манчестер Јунајтед со 3:2 се прости од својот стадион Аптон парк каде 112 години ги играше натпреварите бидејќи од новата сезона овој премиерлигаш ќе настапува на Олимпискиот стадион во Лондон. Ова беше одложен дуел од 35.коло.
Натпреварот изобилуваше со пресврти Вест Хем поведе со 1-0, а Манчестер Јунајтед со головите на Марсијал водеше со 2-1, а за пет минути Вест Хем преку Антонио и Рид дојде до победата.
Вест Хем со 62 бода е на 6.место на табелата, а Манчестер Јунајтед има 63. Вечерва се играат уште три одложени дуели од Премиер лигата.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
-->
-->