Македонија
13. May 2016 - 16:39

Психолози: Мајките ги напуштаат новороденчињата поради страв и срам од околината

Во безизлезна ситуација, страв од најблиските и срам од околината поради бременоста. Ова според психолозите се најчестите причини зошто  мајките се одлучуваат да ги остават бебињата веднаш по раѓањето. Само изминатите 2 години новороденчиња беа најдени во грмушка, хауба, контејнер. Јавноста сеуште е во шок откако вчера беше обелоденето дека 23 годишна апсовлентка од Скопје пред месец дена се породила  во тоалетот на граничниот премин Табановце, без никој да забележи и ја продолжила екскурзијата.

- Пред вред време не треба да се осудува девојката,  без да знаеме во каква состојба се наоѓала и што што ја натерало на ваков чекор, изјави Мирјана Јовановска Стојановска, психолог.

Психологот Јовановска Стојановска смета дека не треба да се осудуваат овие девојки туку да им се помогне.

- Треба да се отворат Центри за вакви случаи каде ќе им се помогне на тие жени, додаде Јовановска Стојановска.

Од друга страна пак колку бебиња годишно се оставаат во родилиштата , зошто мајките не сакаат да се грижат за нив, не добивме одговор од ниту една надлежна институција.