Министерството за здравство со сет-мерки ќе ги решава гужвите пред шалтерите
Со жолти линии, можност за плаќање со картичка во сите болници и клиники, заверката на документите да биде само на еден шалтер и да нема шетање по ходниците.
Ова се дел од сет мерките со кои министерството за здравство ќе ги решава гужвите и долгото чекање за административните процедури.
Доколку закажаниот преглед доцни повеќе од 15 минути тогаш пациентот има законско право да се пожали кај директорот на установата.
-Установите се задолжени повратно да нè информираат за статусот на пристигнати поплаки на секои 10 дена. Обрасците веќе се поставени на секој шалтер и огласна табла во ЈЗУ. Пациентите имаат законска можност да упатат поплака до директорот на установата доколку докторот кој требало да го изврши прегледот/снимањето не го почитувал закажаното време за преглед и тоа можат да го направат во рок од 24 часа од закажаниот термин, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.
Како што истакна Тодоров во наредните 12 месеци тимови од управата за електронско здравство ќе бидат фокусирани на намалување времето на чекање пред шалтерите, бидејќи направените анализи и преку директни контакти со пациентите покажале дека ако прегледот траел 15 до 20 минути, за плаќање партиципација болните чекале и по еден час.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
