Македонија
30. May 2016 - 16:51

Државната Неонатална хирургија ќе биде сместена во новиот објект на детската болница

Новата детска кариохирургијата ќе биде сместена во болницата во Козле. Проектот  кој успешно се реализира веќе 5 години се подигнува на повисоко ниво. За новите простории на неонаталната кардиохирургија  информираа министерот за здравство Тодоров и претседателот на ВМРО ДПМНЕ при посетата на струмичката болница.

Со проектот неонатална кардиохирургија раководи еминентниот професор од САД Вилијам Новик. Тој паралелно обучува и македонски лекари кои самостојно ги извршуваат дури 50 проценти од хируршките интервенции.  Досега во Македонија  биле оперирани над 200 деца со заболувања на срцето. Надлежните најавуваат дека тимот постепено ќе се проширува.

Детската  кардиохирургија  ќе биде  првата хируршка гранка во болницата во Козле. Во меѓувреме новоизграденениот објект дава резултати. Дури за 70 проценти е зголемен бројот амбулантски прегледи. За 4 месеци имало над 15.000 пациенти. Додека се градеше болницата речиси 70 отсто од персоналот бил на обука во странски медицински центри, а како резултат на ова воведени се и нови методи за лекување. Институтот прераснува и во регионален центар за видео бронхоскопија.

Покрај неонаталната успешно се развива и проектот Државна кардиохирургија.  На новата клиника  само оваа година направени се над 130 операции на срце.