Фудбал
27. јуни 2016 - 19:32
Копа: Чиле повторно на пенали подобар од Аргентина
Фудбалската репрезентација на Чиле втор пат во низа ја освои шампионската титула во Копа Америка. Чиле повторно на пенали исто како лани ја победи Аргентина.
Откако по 120 минути беше 0-0 се шутираа пенали, а За Чиле единствено не реализира Артуро Видал во првата серија, а за Аргентина не погодија Лионел Меси во првата и Лукас Родриго во четвртата серија. На крајот Чилеанците славеа со 4:2.
Двете репрезентации дуелот го завршија со фудбалер помалку поради исклучувањата на Марсело Диаз од Чиле(28.минута) и Фаустино Рохо (43) Аргентина.
Во дуелот за третото место Колумбија во саботата беше поуспешна од домаќинот САД со 1:0.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
-->
-->