Македонија
3. July 2016 - 16:51

Филмски сцени на апсење на дилери на дрога

Полицијата како на сцени од филм бркала наркодилери на автопатот кај Петровец. Две лица од Свети Николе на 33 и 25 годишна возраст за 800 евра набавиле околу 1 килограм марихуана со намера да ја препродаваат во нивниот град. Откако службени лица од единицата за недозволена трговија со дрога кај наплатната рампа во близина на Аеродромот се обиделе да ги стопираат дилерите. Возачот наместо да застане го забрзал автомобилот во кој била дрогата и сакал да прегази еден полицаец.

- Откако пријавените се дале во бегство во правец кон Аеродромот „Александар Велики“ од страна на полициските службеници од Единицата возилото веднаш било проследено, каде после наплатната рампа во правец кон Куманово, второпријавениот Ф.М. од неговиот прозор исфрлил една жолта ќеса со наркотична дрога марихуана покрај самиот магистрален пат. По неколку километри возилото било сопрено, двајцата се приведени по што со истите бил извршен службен разговор во кој  тие делумно го појасниле начинот на извршувањето на кривичното дело, изјави Лиза Бендеска, портпарол на МВР.

МВР на осомничените дилери им поднесе кривични пријави, а судија на претходна постапка на првоосомничениот кој го нуправувал возилото му одредил 30 дневен притвор, додека на неговиот помлад сограѓанин одредена му е мерка да се јавува во судот.