Општина Дојран ќе ги почитува решенијата на инсекторатот за забрана за капење на четири плажи
Земени нови примероци за испитување на водата во Дојранското езеро. До добивање на резултатите од општината велат дека ќе го почитуваат решението на ДСЗИ за забрана за капење на 4 плажи и превземале соодветни мерки.
-Неодамна започнавме изработка на сеопфатна студија за ревалоризација на езерото заедно со Министертвото за животна средина и Регионалниот еколошки центар која во иднина ќе покаже што треба да се преземе за заштита на езерото и подобрување на квалитетот на водата, велат од општина Дојран.
Сител вчера објави дека здравствениот инспекторат го забрани капењето на 4 плажи на Дојранското езеро. Забраната важи за Градска Плажа, Црвен Крст, Златен Брег и Калдрма. Резултатите од примероците земени од овие локации покажале дека водата не е безбедна, а хемиската и бактериолошката загаденост е од 3 степен.
-Информнирани се и градоначалникот и комуналното претпријатие што стопанисува со езерото да постават табли за забрана за капење – изјави д-р Вера Менковска, инспектор во ДСЗИ.
Од ДСЗИ се категорични дека забраната за капење ќе ја тргнат само ако новите анализи покажат дека квалитетот на водата е подобрен.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
