Македонија
25. July 2016 - 16:04
Четири годишно дете од Струмица е првиот регистриран случај со нилска треска во земјава
Со симптоми на западно нилска треска 4 годишно дете од Струмица минатата недела било хоспитализирано на клиниката за Детски болести. Неколку дена детето имало покачена температура, малаксаност и неправилно движење. Анализите потврдиле дека станува збор за заразното заболување кое се пренесува преку комарци. Детето не патувало надвор од Македонија, а со вирусот најверојатно било заразено во неговиот крај.
За среќа вирусот кај детето не оставил посериозни компликации, но сеуште е хоспитализирано на Клиниката.
Ова е прв случај на западно нилска треска годинава во Македонија. Претходно во земјава беа регитсрирани и неколку смртни случаи од ова саразно заболување.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
