Македонија
22. August 2016 - 16:17
Брзите реакции на здравствените власти спречија епидемија
Нема заразни заболувања во поплавените подрачја во скопско, тврди министерот за здравство. Според Тодоров драстично е намален и бројот на лица кои бараат лекарска помош во амбулантата сместена во училиштето во Стајковци. Ако првите денови имало и по 100 прегледи, викендот само 7 граѓани од овој регион побарале здравствена услуга.
- Имаме контрола над ситуацијата во подрачјата зафатени од поплавите во скопско и нема појава на епидемија иако ги имаше сите предуслови, тоа го предупредија и експертите и затоа одевме со брза дезинфекција и дератизација, изјави Никола Тодоров, минитер за здравство.
Досега во подрачјата зафатени од катастрофалните поплави извршена е дезинфекција на 30 милиони метри квадратни, а опфатени се 4500 куќи.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
