Груевски: Годинава изградба на Ургентен центар во Куманово
Завршени се сите процедури за изградба на нов Ургентен центар во Куманово. Градежните работи треба да почнат во текот на есента, најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Ветениот Ургентен со опремата ќе чини околу 48 милиони денари. Ќе содржи хируршка амбуланта, соба за дневна болница, анестезиолошка, уролошка и ортопедска амбуланта и други простории.
Груевски најави и набавка на три нови дигитални мамографи. По еден за болниците во Куманово, Крива Паланка и Битола.
- За набавката на овие три мамографи во овие три града предвидени се во Буџетот над 300.000 евра со цел да се набават и да се стават на располагање на лекарите и на пациентите, потенцира Груевскиност на оваа опрема е околу 21 милиони денари, додаде Груевски.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски додаде дека по барање на жителите од населбата Гоце Делчев дислоциран е Центарот за зависници кој сега е сместен во кругот ан кумановската болница.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
