Македонија
24. September 2016 - 17:27

Груевски отвори тениски терени во Куманово

Куманово доби нов тениски центар. Инвестицијата за 4-те терени за тенис е над 19 милиони денари. На отворањето на Центарот присуствуваше и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Тој потенцира дека во континуитет се инвестира во спортот во Куманово.

Груевски додаде дека во Куманово планирани се две и нови градинки. Кои заеддно ќе згрижат уште 130 деца.

-За едната постапката е веќе почната, но има одредени формални пречки бидејќи компаниите дале нешто повисока понуда од претходно планираната. Се бараат начини како тоа да се надмине или во краен случај да се повтори постапката. Во таа градинка треба да се сместат 80 или 90 деца. Втората градинка е во населбата „Гоце Делчев“, каде исто така се планира проширување за нов капацитет од 50 деца, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Тенискиот центар „23 Октомври“ во Куманово.

Инаку пред извесен период во Куманово беше пуштено во употреба повеќе наменско спортско игралиште, а исто вакво игралиште во овој град ќе се гради и идната година, најави Груевски.