Македонија
29. September 2016 - 17:14

Пациенти со заболена простата наместо два пати, ќе посетуваат уролог еднаш

Пациентите со заболувања на простатата намето два пати да одат на уролог за поставување на дијагноза,  кај специјалистот ќе одат само еднаш. Матичните лекари прво треба да ги испратат да ги направат неопходните испитувања на крвта и ехо снимање, па со резултатите да им закажат специјалистички преглед. Со оваа мерка министерството за здравство ќе го намалува времето на чекање  кај уролозите.

-Со оваа мерка сериозно ќе се намали времето на чекање за околу или под седум дена, односно ќе се зголеми достапноста до оваа специјалност, ќе се олесни работата на лекарите, ќе се забрза прегледот и нема за еден пациент да се одвојуваат два термина за иста работа, изјави Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здравство.

Новата мерка за прегледи на простатата кај уролог ќе почне да се применува од 5 октомври. Во меѓувреме ќе бидат известени сите матични лекари и здравствени установи каде се вршат неопходните испитувања за поставување на  дијагнозата.