Македонија
4. October 2016 - 16:41

Матичните лекари да препишуваат терапија за очни инфекции

За обична инфекција на очите и настинка матичните лекари нема да може да ги праќаат пациентите на специјалист. Тие треба да им ја пропишат потребната терапија. Вакво укажување министерството за здравство испратило до сите ординации, бидејќи за овие две дијагнози за една година околу 59.000 пациенти непотребно биле шетани. Шифрите за конфуктивит и настинка за специјалистички преглед избришани се и од Мој термин.

-Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здравство

Тодоров потенцира дека со укажувањето да не дозволува упатување на повисоко ниво за овие две дијагнози здравствениот систем финансиски ќе се релаксира, ќе се намалат гужвите и нема да им непотребно шетање на пациентите. Со ваков проблем се соочувале и голем број држави во Европа, а за истото се зборувало и на неформалниот состанок на министрите за здравство во Братислава