Македонија
15. December 2016 - 16:41

Активисти на СДСМ претепаа 68 годишен скопјанец зошто рекол дека не е ниту вмровец ниту предавник

Поради разговор во кафеана за политичката ситуација , претепан истакнат македонски алпинист. Со тешки телесни повреди околу полноќ во Ургентниот Центар бил примен 68 годишниот Јован Попоски викан Јове. Имал три скршени ребра, повреди на окото и раката и е хоспитализиран на Торакална хирургија. Директорот на Клиниката професор Зоран Спироски вели дека пациентот кај нив е примен во тешка здравствена состојба како последица на тепање.Во текот на денот успеале да го стабилизираат . По направените испитувања лекарите констатирале и повреди на белодробното крило и за утре закажале хируршка интервенција. Инцидентот синоќа бил пријавен и во МВР. Според  полицискиот извештај додека Јове седел во кафеана и разговарарал со пријатели за состојбата во Македонија, од соседната маса  на која имало три лица, еден му дофрлил:  Tи да не си Вмровец? На што тој одговорил : Не сум ВМРОВЕЦ и не сум предавник.

Прво го нападнале пред кафеаната, но еден од газдите и третиот кој бил со нив успеале да ги отргнат.

За инцидентот на својот Фејсбук профил објави и светски познатиот професот и научник Горазд Росоклија. Тој на социјалните мрежи пренесе информации од оцевидец на тепањето.

- Јове седел во Гурман и разговарал за кризата во Макеонија со газдата на Гурман и со еден другар. На соседната маса седеле двајца кои му се заканиле затоа што за кризата го обвинува СДСМ. Јове тргнал дома, од Гурман кон Буњаковец преку Капиштец. Во темниот простор кај Капиштец го стигнале и го пребиле, како што вика не мислејќи дали ќе го убијат.

Како што пишува професорот Росоклија, Јован Попоски ги водел сите македонски алпинистички експедиции на сите врвови на светот заклучно со Монт  Еверест кога  загина Димитар Илиевски ,,Мурато".