Прогласени најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител
Непроспиените августовски ноќи во Стајковци,Синѓелиќ и Арачиново за да се спасат човечки животи и да им се помогне на поплавените му ја донесоа наградата најдобар пожарникар во Скопје. Ѕвонко Стојановски 27 години работи во противпожарната бригада, но прв пат се соочил со толку голема катастрофа.
Храброста и пожртвуваноста за време на поплавите во скопско биле пресудни и Мајран Димитриевски да биде прогласен за најдобар полицаец за 2016 година.
Најдобриот крводарител за годината која изминува 120 пати дарувал крв.
Најхрабрите и најхуманите градот Скопје ги награди со по 10.000 денари.
-Со тоа сакаме да ги поттикнеме и останатите кои работат во овие области да бидат хумани, храбри и пожртвувани во извршувањето на своите задачи, изјави Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје.
Овие награди Градот Скопје ги доделува традиционално на крајот на секоја година.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
