Вработените во А.Д. ЕЛЕМ згрижија 5-члено семејство на самохрана мајка од Скопје
Без доволно храна и без пари самохраната мајка Тања Димитрова и нејзините четири малолетни деца со месеци едвај преживувале. Пеколот на оваа петчлено семејство почнал летото кога Тања останала без работа, а се натрупувале сметките за станот и неплатената кирија во населбата Аеродром.
-Децата јадеа храна на 2 дена, некогаш некој ќе помогнеше со 100, 200 денари...За тоа не сакам да се навраќам, вели Тања Димитрова.
Не можел да им помогне ниту поранешниот сопруг кој е во странство, бидејќи и тој западнал во тешка финансиска и здравствена состојба.
Први за помош на семејството Димитрови се организирале вработените во Основното Ѓорѓија Пулевски. На новогодишниот базар собрале околу 1000 евра.
-Наставничката Марија Биковска беше иницијатор и го крена целото училиште и родителите на децата ми помагаа, вели Тања Димитрова.
За да не останат на улица во овие студени денови со помош на вработените во ЕЛЕМ киријата им е платена за подолго време.
-Директорот на училиштето ми помогна за лична карта, а ЕЛЕМ ми ја плати киријата за 1,2 години незнам точно колку, и многу сум им благодарна, додава Тања.
Тања добила понуда да работи во приватна фирма, а македонската православна црква им помогнала со храна и средства за хигиена.
По тешките месеци во неизвесност, благодарение на хуманите претстојните новогодишни празници самохраната мајка на 4-те деца на 6, 9, 10 и 12 годишна возраст ќе ги поминат во топла домашна атмосфера.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
