Силен ветер создава нови проблеми надлежните уверуваат дека патиштата се проодни
Генерално стабилна со сериозни предизвици и можни последици. Ова е оценката на надлежните по првиот удар на снежното невреме и студот кои ја зафатија Македонија. Институциите будно ја следат ситуацијата и постојано се на терен и предупредуваат на внимателност, зошто како се менуваат вртеменските услови се менува и сликата на терен.
По вчерашната блокада денеска проден е и автопатот Велес- Скопје и обратно. Не се проодни само патиштата кон повисоките планински места во повеќе делови низ Македонија. Од ЦУК информираат дека вчера службите интервенирале кај завеани патници пред граничниот премин Јажинце кон Косово, а екипите на Црвениот Крст имале спасувачка акција за завеани граѓани на Водно.
Засега генерално стабилно е и снабдувањето со електрична енергија во најголем дел од Македонија, а помали проблеми има во некои планински предели.
Последното денонокие Скопската брза помош инетвенирала кај 150 граѓани, повеќето имале хронични заболувања, а пружиле помош на 4 лица кои паднале на мразот на јавни места.
Синоќа и утринава вкупно 47 граѓани со скршеници побарале лекарска помош во Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски.
Авионскиот и железничкиот сообраќај во Македонија се одвиваат без проблеми, а откажување има на неколку автобуски линии.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
