Платформата на Албанците е дискриминирачка за сите конститутивни народи на Македонија, порачаа Србите, Турците, Ромите и Власите
Србите, Турците, Ромите и останатите етнички заедници во Македонија сметаат дека платформата на Албанците е класичко рушење на Рамковниуот договор, а со тоа и на Уставот на државата.
Лидерот на Србите во земјава Иван Стоиљковиќ во интервју за Сител порача дека со прифаќање на оваа платформа Македонија ќе стане Бинационална држава.
-Во Р. Македонија одлучуваат припадниците на Македонскиот народ, Албанците, Турците, Ромите и Србите и сите тоа го прават заедно и не може некој да си го узурпира правото самостојно да одлучува за судбината на сите граѓани ба Р. Македонија, изјави Иван стоиљковиќ, претседател на Демократска партија на Србите во Македонија.
Ист став како Србите имаат и претставниците на Ромите, Турците и останатите етнички заедници во земјава.
-Тоа всушност е уцена на мнозинскиот народ во Република Македонија дека без нив не може да се состави Влада. Како Роми, а посебно како политичка партија мислиме дека двојазичноста и нејзиното функционирање на територија на цела Република Македонија значи вовед во бинационална држава. Тоа го сфаќаме дека ние, останатите заедници во Македонија, ќе ги изгубиме своите уставни права, вели Бајрам Берат претседател на Партијата за интеграција на Ромите.
Претставниците на Србите, Ромите, Турците и останатите, сметаат дека ВМРО ДПМНЕ со одбивањето на платформата на албанците и воведување на двојазичност на цела територија, застанале во одбрана на другите етниќки заедници кои живеат во Македонија.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
