Климатските промени го променија и пикот на грипот
Климатските промени го сменија и пикот на грипот. Наместо во февруари, болничките чекални беа полни со пациенти во декември. Иако почна порано, педијатрите оваа сезона на грип ќе ја паметат по тешките компликации кои вирусот ги предизвикал кај најмладите. Поради ваквата состојба околу новогодишните празници во детските болници немаше слободен кревет.
-Навистина оваа сезона вирустот на грип предизвикуваше сериозни компликации кај децата, изјави прим. д-р Оливер Зафировски директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.
Освен грипот кај хронично болните деца состојбата дополнително се влошувала и од загадениот воздух.
-Загадениот воздух најлошо влијае на хронично болните деца, додаде д-р Зафировски.
Педијатрите не очекуваат нов зголемен број на болни од грип наредниот период.
За три пати е намален бројот на пациенти во болницата во Козле. Ако пред еден месец дневно имаше и по 300 болни деца, денеска лекарска помош побарале околу 100 дечиња.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
