Секое второ дете до три години во Македонија има слаб имунитет и често се разболува
Секое второ дете до три години има слаб имунитет. Најчести причини за ова според педијатрите се исхраната, генетиката и климатските услови. Ова доведува децата често да се разболуваат.
- Имунолошки анализатор е нов комплетно автоматизиран апарат кој има висока сензитивност и се намалува времето на чекање на резултатите, изјави прим. Д-р Оливер Зафировски, директор на Детската болница Козле
Прецизно испитување на имунитетот кај децата ќе се врши и во Детската болница во Козле за да се утврди поради што им е влошено здравјето. Ваков апарат за прв пат е набавен во оваа здравствена установа. Досега неопходните анализи се правени во други здравствени установи.
- Апаратот претходно го немаше во болницата, примероците од крвта на пациентите беа испраќани на трансфузиологија и за резултатите се чекаше една недела и повеќе. Со набавката на овој апарат чија вредност е 2,5 милиони денари ќе се овозможи овие испитувања да се прават во Детската болница Козле и резултатите ќе се добиваат за не повеќе од еден час, рече Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здравство.
Вредноста на имунолошкиот анализатор е околу 2,5 милиони денари.
– На новиот апарат во детската болница во Козле дневно имунитетот може да им се испитува и на 50 деца.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
