Македонија
14. March 2017 - 16:27

Родилка од Битола почината од сепса 6 недели по породувањето

Родилка од Битола починала од сепса. Со втора ризична бременост како итен случај пред 6 недели ја примиле на гинеколошкото одделение во Битолската клиничка болница.

Бидејќи 31- годишната пациентка била дијабетичар на инсулин и имала многу висок притисок дежурните лекари одлучиле веднаш да извршат царски рез. Родила здраво бебе.

Десетина дена по породувањето состојбата и се влошила, со покачена температура и болки во стомакот повторно дошла во Битолската болница.

Од таму за Сител тврдат дека и за време на хируршката интервенција и додека ја лекувале жената ги презеле сите потребни мерки според протоколите.

Ја отфрлаат множноста при царскиот рез да било заборавено туѓо тело.

- Подоцна кога се влошила состојбата на пациентката извршена е ревизија од страна на четворица доктори, при што во абдоменот на пациентката не е пронајдено никакво туѓо тело, се вели во писмената изјава изјава од Клиничката болница д-р Трифун Пановски-Битола.

Во меѓувреме на родилката и била дојагностицирана сепса и одлучиле да ја префрлат во Скопје.

Пациентката во многу тешка состојба на 11 февруари била донесена на скопските клиники.

И покрај напорите на лекарите после еден месец починала на КАРИЛ. Семејството не сакало да се прави обдукција.