Македонија
16. March 2017 - 16:56

Грипот е во заминување, но лекарските ординации се полни со пациенти со настинки и стомачни вируси

Пациенти со настинки ги наполнија ординациите на матичните. Според лекарите причина е променливото време. Последиците ги чувствуваат и млади и стари. Деновиве се поголем број граѓани барале помош и поради стомачни вируси.

- Деновиве имаме зголемен број на граѓани со настинки, се жалат на болки во грлото, секреција во носот, главоболка, кашлање, изјави д-р Христина Лескароска, матичен лекар.

Лекарите советуваат за настинка да не се пијат антибиотици.

- Се препорачува граѓаните во зависност од какови симптоми имаат да  користат соодветна симптоматска терапија за ублажување на болките, додаде д-р Лескароска.

Доколку после 3-4 дена здравствената состојба не се подобрува неопходно е да се јават на лекар.

- Според искуството на матичните при вакви промени на времето најчесто лекарска помош бараат исти пациенти.