Министерот за внатрешни работи Нухиу бара разрешување на директорот на БЈБ, Чавков
Барање за разрешување на директорот на Бирото за Јавна Безбдност Митко Чавков до Владата веќе поднел министерот за внатрешни работи. Нухиу денеска информира дека со негова нредба државниот советник во БЈБ Горанче Савовски е поставен за нов координатор на оперативниот штаб, позиција која досега ја извршуваше Чавков.
- Сакам да ја информирам јавноста дека формирав работна група составена од професионалци во Министерството за внатрешни работи, која има задача да утврди дали Оперативниот штаб и организационите единици во МВР постапувале согласно утврдените процедури пропишани во Министерството за внатрешни работи, дали се направени пропусти, пречекорувања на овластувањата или неизвршување на работните задачи и обврски. Заклучоците од извештајот на работната група ќе бидат дел од известувањето до Јавното обвинителство за понатамошно постапување за работата на Оперативниот штаб. Ги повикувам сите вработени во МВР да се вклучат активно и да пишуваат и доставуваат службени материјали за настаните во Собранието во минатиот четврток. Враќање назад нема! Работите мора да се расчистат до крај и секој ќе одговара за своите постапки, рече Нухиу.
МВР информираше дека досега се идентификувани 20 од учесниците во инцидентите во Собранието. 12 се приведени, а шестмина веќе добија мерка притвор од осум дена. Еден од осомничените е во куќен притвор, а за двајца судија на претходна постапка одреди мерка претпазливост. По осум од идентификуваните полицијата трага. Дополнително до обвинитестлвото МВР доставило извештаи за собраните сознанија за организаторите на протестот, како и за лицата кои учествувале во отстранување на поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главцниот влез на Собранието. Полицијата се уште истражува и кој стои зад поставувањето на плинската боца од 300 милилитри излепена со петарди која вчера беше пронајдена на приот кат во сорбаниската зграда.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
