53-годишна докторка од Нефрологија, синоќа била пронајдена мртва, со бројни повреди по телото
Со убодни рани од нож во вратот и рацете безживотното тело на нефрологот Јелка Масин Спасовска било пронајдено во домот на улицата ,,Елисие Поповски Марко‘‘ бр: 10.
Веднаш била повикана итна помош, а по нив известување добила и полицијата. Синоќа во домот на Спасосвски пристигнал и јавен обвинител.
Колегите на 53 годишната Спасовска немале можност за интервенција. Поради убодната рана во вратот таа веќе била почината. Телото по наредба на обвинител е предадено на обдукција.
- При увидот кај Ј.М.С. е забележан видлив убод со нож во пределот на вратот. Телото на починатата веднаш е дадено на обдукција, а од лице место се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата и истите се дадени на вештачење. По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место, соопштуваат од јавното обвинителство.
Од обвинителството потврдуваат дека на распит биле повикани неколку лица кои би можеле да помогнат во расветлување на случајот, а обвинителот веќе наредил и прегледување на видео надзорот на околните објекти. Камера има поставено и на влезот од домот на Спасовски. Денеска влезните порти на станбениот објект на улицата ,,Елисие Поповски Марко‘‘ беа затворен со катанци, а во домот на семејството Спасовски немаше никој.
Вработените на клиниката за нефрологија се шокирани по информацијата за смртта на нивната колешка. Јелка Масин Спасовска долги години работела на клиниката, а била и професор на медицинскиот факултет.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
