Македонија
25. May 2017 - 16:09

Хојт Ји: Нема сериозни планови за „Голема Албанија“

Било какво менување на границите ќе значи сериозно назадување во процесот на евроатлантска интеграција на Балканот порача заменикот помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји во интервју за Танјуг.

Ји вели дека постоеле неодговорни изјави од страна на одредени политичари за создавање на супер сили, но тој е убеден декја ваквите ставови биле дел од предизборни кампањи и не верува дека некој од лидерите во регионот би одел против ѝелбите на граѓаните за целосна интеграција во евроатлантското семејство.

Ји вели дека секој имка право да ги гради своите односи со било која земја во светот, но порачува дека досегашната пракас покажала оти мора да се има зголемно ниво на вниматлност во односите со Москва, и да се почитува меѓународното право.

Помошникот државен секретар на САД и при неговата посета на Белград потврди дека САД и ЕУ имаат одговорност да ја засилат економијата, да го подобрат владеењето на правото и развојот на демократијата во целиот регион.