Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори.
Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва завршен централен митинг ќе имаат во Охрид, а СДСМ и коалицијата својата програма ќе ја претстават во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово и Куманово.
За денеска најавена е и прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија, пак, ќе ја претстави својата програма на завршен митинг во Куманово.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, денеска ќе одржи прес - конференција на Плоштад „Слобода". Во рамки на последниот ден од предизборната кампања, Левица планира целодневни активности и повеќе други активности како „Скопје пешки“ (Амар Мециновиќ ќе пешачи од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, тргнува од Ѓорче – пристигнува на Плоштад ,,Слобода" за прес конференција и продолжува кон Ново Лисиче), изложба „Скопје какво беше - какво е – какво треба да биде“, како и завршен собир во Изборниот штаб на партијата.
За утре е најавена и прес конференција на Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“, како и на Билјана Ивановска, независна кандидатка за градоначалник на општина Центар поддржана од граѓанската платформа „Независни заедно“.
МИА
Ново на Сител
-

НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило
-

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби
-

Утринска магла, а потоа повремен дожд и снег
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
