Ноќеска во Виница трето терестичко прскање против комарци

Согласно Програмата за јавно здравје на населението во Општина Виница за 2026 година, на 20 август, (четврток), во периодот од 01:00 до 02:00 часот по полноќ, ќе се спроведе трето терестичко третирање против комарци на територијата на Општина Виница.
Во третата фаза на дезинсекција ќе бидат опфатени површини на територијата на градот Виница, како и населените места во општината.
Третирањето ќе се врши од земја, со специјално возило, со употреба на препарат одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) – Aqua-K-Othrine® Insecticide Space Spray Concentrate.
Се известуваат пчеларите на територијата на Општина Виница навремено да преземат соодветни мерки за заштита на своите пчелни семејства.
Доколку временските услови не дозволат третирањето да се изврши на наведениот датум, истото ќе биде спроведено наредниот ден.
МИА
Ново на Сител
-

Управниот одбор не одобрил набавка на апарати за коцкање
-

Најмладиот милионер во државата има 4 години, највисоката месечна плата изнесува 189.000 евра
-

Министерството за јавна администрација со нова рамка за организација на работата на органите на државната управа
-

Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
