Loading Video...
Ракомет
18. December 2021 - 16:00

Норвешка - Франција во финалето на СП за ракометарки

На 25-тото женско ракометно Светско првенство, познати двете селекции кои ќе се борат за шампионскиот трофеј.
 
Ракометарките Норвешка и Франција ќе играат во финалето на Мундијалот што се одржува во Шпанија. 
 
Во првиото полуфинале актуелните олимписки шампионики, Французинките во неизвесен меч до самиот крај, ја победија селекцијата на Данска со 23:22. 
 
Во второто полуфинале европскиот првак Норвешка беше убедлива во дуелот со домашната селекција на Шпанија која ја совлада со 27:21 со што Норвешанките се пласира во финалето.
 
Утрешното финале, чиј почеток е закажан за 17:30 часот меѓу Норвешка и Франција практично ќе биде и реприза на финалето од минатогодишното Европско првенство, во кое скандинавките победија со два гола разлика (22-22), па оттаму за очекување е дека и утрешниот меч ќе донесе неизвесен и возбудлив дуел. 
 
Претходно од 14:30 часот Данска и Шпанија ќе го играат натпреварот за третото место, односно бронзениот медал.