Македонија
28. September 2017 - 16:04

Носител на листа и шеф на штаб повредени во престрелка во Кичево- кои се мотивите среде изборна кампања?

Алит Абази, носителот на независна советничка листа се опоравува на скопските клиуники, исто како и Дестан Абдиу, шефот на изборниот штаб.

Двајцата синоќа беа мета на оружен напад на бнулеварот во Кичево. Во бел ден напаѓачот од загрб го извадил пиштолот и стрелал кон Абази и Абдиу, повредувајки и случаен минувач.

Полицијата кратко по нападот го привела оисомничениот кој денеска заработи две кривични пријави и мерка притвор. Дали случајот е поврзан со изборната кампања засега нема одговор од истражните органи.

Политичкиот аналитичар Агим Јонуз оценува дека ваквите настани се само последица на насилието кое прфед неколку месеци се случуваше во законодавниот дом. Но, сепак останува стравот што е она што следи.

Реалност е дека инцидентот во Кичево го крева степенот на страв кај граѓаните кои присуствуваат на секојденвните политички настани во кампањата за изборите, без разлика на мотивот за последниот случај. Сепак, најважно кој ќе бхиде одговорот.

Ден по стартот на кампањата аналитичарите се надеваа дека ќе имаме мирна кампања дури и без директни обвинувања од партиските говорници, на четвртиот ден мингување низ државата надежите се дека нема да се повтори употребата на огнено оружје.