Нов „Ајфон“ со екран без рабови

„Епл“ подготвува највозбудлив „Ајфон“ до сега, тврди весникот „Волстрит Џурнал“.
Според весникот, „Епл“ планира голема промена на дизајнот на паметниот телефон за 2017 година, кој ќе се појави на 10-годишнината на оригиналниот „Ајфон“.
Тие промени би можеле да вклучуваат и органски ЛЕД (ОЛЕД) диоди од раб до раб, а ќе го нема ниту копчето „home‟, бидејќи ќе биде вграден на сензор за отшечаток од прстот.
Овие карактеристики ги потврдуваат информациите на познатиот ИТ коментатор Џон Грабер, кој минатиот месец рече дека новиот „Ајфон 8“ (се очекува прескокнување на моделот „7С‟) ќе има „бескраен екран‟, односно екран без рабови.
Американскиот весник дознава и дека новиот „Ајфон“ визуелно ќе биде речиси идентичен на „Ајфон 6С“ и „АјФон 6“, а минатата недела аналитичарите на „Креди Свис“, една од најголемите европски банкарски институции, прогнозираа негов „пригушен‟ раст, токму поради „скромната надградба‟.
Ново на Сител
-

Новиот закон за сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
