Нов дигитален мамограф во Општата болница во Гевгелија
Во гевгелиската болница направени се првите снимања за рано откривање на рак на дојка на новиот мамограф. Апаратот е дел од набавените 11 мамографи во исто толку здравствени установи низ Македонија.
- Мамографот чини преку седум милиони денари и е еден од најсовремените во државата кој во себе содржи компјутерска асистирана детекција која сериозно му помага на докторот нешто да не се пропушти при прегледот, односно му сугерира каде треба да го насочи вниманието при утврдување на резултатите. Ова значително ја олеснува неговата работа и придонесува нешто да не се пропушти при прегледот на пациентките, изјави Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здравство.
Досега преку организираниот бесплатен скрининг за рак на дојка мамографски снимања направени се на над 14.000 жени од цела Македонија, а на дополнителни испитувања испратени се околу 2.500 пациентки.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
