Loading Video...
Кошарка
18. December 2021 - 18:21

Нов несреќен пораза на Пелистер во АБА2 лигата

На третиот тунир во АБА 2 лигата, што се одржува во Сараево, денеска настапија кошаркарите на Пелистер. 
 
Битолчани никако да ја прекинат низата на порази, па во дуелот со Златибор го претрпеа шестиот пораз во седмиот меч од својата дебитантска сезона во ова натпреварување. 
 
Речиси идентично како и во дуелот против Широки, така и денеска Пелистер беше совладан во неизвесна завршница од српскиот претставник Злативр со само два поени разлика 85-83. 
 
Немања Протиќ беше стрелец на победничкиот кош за Златибор и тоа на две секунди до крајот. 
 
На пелистерци не му помогнаа ниту распожените Никола Малешевиќ со 30 поени, 8 скока и 6 асистенции, како и Игор Кесар кој средбата ја заврши со 23 поени и 7 скока.
 
Во исчекување на следниот тунир Пелистер останува во долниот дел од табелата со 1 победа и 6 порази, како и Рогашка, додека последен е Осијек кој ги загуби сите седум натпревари. 
 
Вториот македонски претставник, екипата на МЗТ Скопје А., последниот меч на турнирот во Сараево ќе го игра утре од 19 часот, а противик е црногорскиот тим Ловќен.