-->
-->
Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-->

Меѓународниот аеродром во Тирана (ТИА) постави нов рекорд во однос на дневен проток на патници и летови.
– На 17 август 2026 година, ТИА го забележа својот најпрометен ден во својата историја, со 60.291 патници и 326 летови за само 24 часа, соопшти ТИА.
Според истиот извор, во текот на овој ден 32 авиокомпании ја поврзале Тирана со 79 дестинации во различни земји низ целиот свет.
Италија, Обединетото Кралство, Полска, Турција и Белгија се водечки земји во однос на бројот на патници. Голем е бројот и на македонски, косовски и црногорски граѓани кои го користат овој аеродром.
Уште еден рекорден ден за ТИА, што го одразува континуираниот раст на воздушниот сообраќај и проширувањето на врските на Албанија со светот, посочи ТИА.
MИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
