Нов тест за откривање рак за само неколку минути

Научниците развиле универзален тест за рак, кој може да открие заболување преку крвотокот на пациентот, пишува британски Гардијан.
Станува збор за лесно достапен тест (замислено е да не биде скап), кој потенцијалното заболување го открива преку течност која ја менува бојата во присуство на малигни клетки, кои можат да се наоѓаат било каде во телото, и за помалку од десет минути.
Овој тест се уште е во фаза на развој, но како што наведува Гардијан, претставува радикална промена во пристапот кон откривање на рак, кој процесот на утврдување на заболувањето од рак може да го направи едноставна постапка за лекарите.
„Главната предност на оваа техника е во тоа што е евтина и многу лесена за употреба, така што клиниките можат лесно да ја применат во пракса”, вели Лаура Каракоса, истражувач на Универзитетот во Квинсленд.
Тестот има ниво на реакција од 90 проценти, што значи дека открива 90 од 100 случаи на рак, со 10 проценти лажно позитивни.
Истражувачите од Квинсленд откриле дека ДНК со рак и „нормалната” ДНК, поинаку се задржуваат на метални површини. Ова им овозможило да развијат тест кој ќе ги разликува здрави од клетките на ракот, дури и врз основа на мали примероци на ДНК кои се наоѓаат во крвотокот.
Овој универзален тест не може да ја одреди локацијата и големината на туморот, но на лекарите ќе им даде брз одговор на прашањето дали пациентот има рак.
„Тестот би можел да се користи во комбинација со други тестови и да стане алатка за воспоставување на дијагноза, која би можела да упати и на типот на рак и фазата во која се наоѓа”, вели Каракоса.
„Неопходни се понатамошни клинички испитувања за да се утврди целиот потенцијал на овој метод”, вели е Гед Брејди од Институтот за истражување на рак од Манчестер.
Ново на Сител
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
