Нов тим влегува во Формула 1
Американскиот тим Кадилак ќе се натпреварува на трките во Формула 1 од 2026 година, објави во петокот Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА).
Кадилак со тоа ќе стане 11-тиот тим што ќе се натпреварува во Формула 1 шампионатот.
- Како што рековме во ноември, посветеноста на Џенерал Моторс да го донесе тимот на Кадилак во Формула 1 беше важен и позитивен показател за еволуцијата на нашиот спорт. Со нетрпение очекувам да дочекам нов тим од 2026 година, изјави Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1.
Американскиот тим ќе користи мотор на Ферари во првите две сезони, додека не произведе сопствена погонска единица.
Овогодинешната сезона во Формула 1 ќе започне на 16 март со Големата награда на Австралија, а во неа ќе се натпреваруваат 10 екипи.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија