Новата дрога „Јелоу зуши“ пристигна и во Албанија
Во Албанија почна да циркулира нова дрога наречена „Јелоу зуши“ (Yellow Zushi). Станува збор за моќен вид на канабис, кој се произведува во затворени средини преку ламби.
– Оваа дрога се продава по цени што почнуваат од 50 евра за грам, додека нејзиното дејство е многу посилно од обичниот канабис, поради високиот процент на ТХЦ. Специфичноста на дрогата е што и се додаваат ароми на егзотични овошја.
Оваа дрога одамна е присутна во земјите на Европската Унија како што се Италија и Шпанија, каде што се одгледува и тргува, додека во Албанија, таа пристигнува од Тајланд.
На аеродромот во Тирана пред неколку дена беше уапсен 39-годишен албански државјанин, кој пристигнал од Тајланд, откако се обидеч да прошверцува повеќе 19 килограми „Јелоу зуши“.
„Јелоу зуши“ е најновото име на долгата листа на наркотични супстанции кои се користат во Албанија. Некогаш постоеше хашишот од Лазарат, потоа се појавија кристали, таблети, а сега и увезени дроги кои доаѓаат на пазарот како луксузни стоки.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта