Новата опрема во кочанската болница функционира со полн капацитет
Над 500-тини смимања за 5 месеци на новиот мамограф во кочанската болница. До крајот на годината планирано е на уште толку жени од овој регион да им бидат направат превентивни прегледи за рано откривање на рак на дојка, а наредната година бројката двојно ќе биде зголемена. Според надлежните новата опрема во оваа установа максимално се користи.
- Паралелно со ставањето во функција на новиот мамограф ставен е во функција и биохемиски анализатор во биохемиската лабораторија софистициран со поголема брзина капацитет и анализи кои претходно не се изработувани. Вкупната инвестиција на оваа опрема изнесува 22 милиони денари, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.
-Дејан Апостолов, директор на општата болница Кочани.
Покрај со опрема општата болница во Кочани се зајакнува и со кадар. За три години вработени се 60 здравствени работници. 4-ца лекари се на специјализиција, а уште двајца пак се пријавиле на огласот за кофинансирање.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
