Македонија
21. July 2016 - 20:20

Нови 350 вработувања во јавното здравство

Нови 350 вработувања во јавното здравство најавија министерот Никола Тодоров и претседателот на ВМРО ДПМНЕ за време на посетата на прилепската болница. Процедурата е почната, се чека согласност од министерството за финансии, а до крајот на месецот ќе биде објавен и оглас.

Во завршна фаза е и проектот за набавка на нови дигитални мамографи. Од планираните 11, 10 веќе се инсталирани во исто толку болници низ земјава.

До крајот на годината ќе заврши и реконструкцијата на болницата во Прилеп, која чини 70 милиони денари.  Досега  комплетно  се реновирани две одделенија.  Паралелно набавена е и нова опрема.