Македонија
25. December 2017 - 16:24

Нови 4 мерки притвор за настаните од 27 април

По истекот на наредбите за претрес и неуспехот на МВР да ги пронајде, кривичниот суд им одреди притвор на четворицата осомниечни за случувањата во собранието од 27 април кои се недстпани за истражните органи.

- Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по добиено известие од надлежните органи дека лицата А.В., Н.М., М.Д. и Д.Д. опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а во врска со настаните од 27 април во Собранието на Р.М., се недостапни на органите за прогон, донесе решенија со кои на сите им определи мерка притвор во траење од 30 дена по нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т 1, 2 и 3 од ЗКП, се вели во соопштението од судот.

Решенијата биле доставeни до обвинителството кое пак треба да ги распише потерниците. Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо, Дејан Давидовски и Младен Додевски, се надвор од државата оцениле истражните органи поради што за нив ќе биде распишана меѓународна потерница.

Од обвинителството потврдуваат дека во моментов во постапка е превод на документите од предметот по што ќе бидат распишани потерниците.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ и денеска побараа ослободување на сите кои според нив се дел од политички прогон. Од партијата псоочуваат дека власта се изживува со нив и во истражниот затвор. Притворените биле оставени на минусни температура во ќелии со мувла во кои што нема греење, а прозорите се распипани.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.

Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.

Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон, се вели во партиското соопштение.