Нови 85 илјади обрасци за пасоши треба да пристигнат најдоцна до утре
Нови 85 илјади обрасци за пасоши треба да пристигнат најдоцна до утре. Заменикот министер за внатрешни по посета на СВР Тетово уверува дека системот функционира насекаде и сите граѓани ќе бидат услужени. Бојмацалиев ги предупредува граѓаните да не се лажат дека можат да патуваат со пасоши со старото уставно име надвор од државата и потенцира дека никој не ветил закон за продолжување на рокот.
Со старите пасоши не може никаде да се патува бидејќи нема да остварите излез од државата. Бидејќи тие со законот кој е со сила на важење повеќе не се во функција, со старото име зборам. А со новите секаде може да се патува. Никој не даде ветување дека законот за продолжување на рокот ќе биде изгласан, затоа нема да се создаде никаков хаос и метеж бидејќи граѓаните знаат дека пред 2021 јули месец веќе се издаваат патни исправи со Република Северна Македонија и беше јасно кажано дека ќе важат до февруари 2024 година, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.
Од МВР се шири разногласие по однос на личните документи и нивната важност. Министерот Тошковски тврди дека со лична карта со Република Македонија, граѓаните можат да одат во сите соседни држави но и во земји членки на ЕУ.
Рокот за замена на личните документи беше до 12 февруари. Во собранието вчера не помина иницијативата на ВМРО ДПМНЕ да се продолжи рокот бидејќи власта сметаше дека на овој начин нема да се реши проблемот.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
