Нови дојави за поставени бомби во училишта во Црна Гора
На електронските адреси на неколку училишта во Црна Гора утринава пристигнале дојави за наводно поставени бомби, јавија црногорски медиуми. Полицијата е на терен и се проверуваат училиштата, јави РТЦГ.
„Полициската управа ги презема сите мерки и дејствија од нејзина надлежност за заштита на наставниот кадар и учениците.Ќе се работи на идентификување на имејл адресата од која дошле заканите“, пренесе медиумот изјава од полицијата.
Образовните власти пред две недели ја прекинаа редовната настава и воведоа онлајн настава во образовните институции, откако на мејловите на 93 црногорски училишта пристигна заканувачки мејл за подметнати бомби, за кои се покажа дека се лажни.
Полицијата тогаш соопшти дека со помош на своите чешки колеги сомничила малолетен државјанин на Чешка за лажни заканувачки мејлови.
Минатата недела беше евакуирана и зградата на Универзитетот на Црна Гора во Подгорица, откако на адресата на таа институција беше испратен мејл со закана дека во зградата е поставена бомба.
Ново на Сител
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
-
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час