Нови евакуации на население во текот на ноќта поради големите пожари во Франција и Шпанија

Големиот шумски пожар што го зафати подрачјето околу котлината во францускиот регион Нова Аквитанија и се прошири до предградијата на Бордо, уништил 42 илјади хектари земјиште, соопшти денеска префектурата на департманот Жиронда. Поради пожарите во Франција и соседна Шпанија, евакуирани се повеќе од 300 илјади луѓе.
Од средата во Франција вкупно се евакуирани 220 илјади жители.
„Од 4 часот изутринава, проценетата изгорена површина изнесува 42 илјади хектари“, соопшти префектурата на прес-конференција, додавајќи дека за сообраќај е затворена делница од 60 километри на автопатот А63 меѓу Бордо и Шпанија.
Евакуираните во текот на ноќта се сместени во засолништа во Франција и Шпанија, каде властите веќе евакуирале повеќе од 300 илјади жители во близина на Бордо и Мадрид.
Едно лице загина во пожарот кај Валенсија, во источна Шпанија, кој сега е ставен под контрола.
Локалните власти синоќа наредија дополнителни евакуации во неколку градови во близина на Бордо, во југозападна Франција, меѓу кои и Сестас, град со околу 55 илјади жители.
Според пожарникарите на департманот Жиронда, пожарот е толку интензивен што создал пирокумулонимбус – облак што настанува кога огнот „создава сопствен ветер, со вртлози, станувајќи неправилна и неконтролирана огнена маса“.
За справување со пламенот од вчера се ангажирани и 1.500 припадници на француската армија.
Шумите полесно се палат бидејќи вегетацијата и почвата со месеци се исклучително суви низ Европа, а ситуацијата дополнително ја усложнува продолжениот топлотен бран што го зафати регионот и предизвика дополнително испарување на водата.
Уште еден пожар останува многу активен во југоисточна Франција, во департманот Вар, што за пет дена уништил површина од 3.250 хектари.
И островот Корзика веќе неколку дена се бори со пожар што пожарникарите се уште не успеале да го стават под контрола. Според властите, огнот зафатил повеќе од 800 хектари во областа околу Корте.
Шумски пожари беснеат и во Шпанија.
„Денеска сме малку попесимисти отколку вчера. Временските услови, како што видовте во текот на денот, воопшто не помогнаа. Ноќта не изгледа особено охрабрувачки…нема да ни биде лесно“, предупреди синоќа шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка.
Во вечерните часови властите наредија евакуација на уште осум населени места во регионот Толедо, западно од Мадрид.
Претходно министерот соопшти дека во регионот на Мадрид биле евакуирани 60 илјади луѓе.
Два одделни шумски пожари во петокот се споиле во еден огромен пожар, во близина на уште еден пожар во соседниот регион Кастилја и Леон.
Пожарот досега уништил 25 илјади хектари земјиште западно од шпанската престолнина.
МИА
Ново на Сител
-

Технолошкиот парк Н99 потпиша договори за соработка со арапската компанија SAVVY
-

Петрушевски: За СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
